КРАВА ДАЛА МЛЕКО 100 ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД НАЈДОБРАТА ВО СВЕТОТ, А ДУРИ 35 ТОНИ ТУТУН СЕ ПРОИЗВЕДЕНИ НА ЕДЕН ХЕКТАР Мицкоски кажа како некои земјоделци се обидуваат да профитираат од субвенциите

Премиерот е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе биде објавен во „Службен весник“, но очекува реални податоци во апликациите.

1

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тутун.

Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе биде објавен во „Службен весник“.






– Ребалансот е донесен, се објавува во „Службен весник“ и потоа веднаш ќе биде исплатата зашто средствата се обезбедени. Драго ми е што од оние предизвици што ги имаат сточарите, како цената и вишоците, веќе ги немаат. Успеавме со интензивна акција тоа да го надминеме – рече Мицкоски.

Тој побара земјоделците и сточарите да ги пријавуваат точните приноси при аплицирање за субвенции и најави засилени контроли.

-Пријавени се грла добиток што стопати повеќе произведуваат млеко, значи ќе треба и дисципината да ја подобриме зашто субвенциите се народни пари и ако така се однесуваме, ќе немаме уште долго. Ќе мора да сме чесни и да го пријавуваме она што го произведуваме, не може едно грло да произведува стопати повеќе од најуспешното грло во светот. Ќе има контрола и таа е веќе почната не само на овој тип производи кај сточарите туку и кај другите земјоделци и земјоделски култури. Мора да се грижиме за државата, да има ред и дисциплина. Ако не се грижиме ние, не може да очекуваме некој од надвор да се грижи за нас. Значи, не може да пријавуваме дека на еден хектар се произведени 30 или 35 тона тутун, може два, 2,5, па и три тони, ама не може 35 тони на хектар – рече Мицкоски  во изјава по посетата на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.

Поврзани содржини