„КОЖУВЧАНКА“ СОЛИДАРНА СО СКОПЈЕ Клиничкиот центар доби донација од 8,5 тони вода
Од компанијата велат дека оваа донација е само дел од нивната долгорочна стратегија за поддршка на здравствените институции.
Во обид да ја олесни ситуацијата со моменталниот недостиг на вода во главниот град, компанијата „Кожувчанка“ донираше 8,5 тони природна изворска вода на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Со оваа донација, „Кожувчанка“ ја покажува својата солидарност и поддршка кон пациентите и здравствените работници кои секојдневно се справуваат со бројни предизвици.
„Скопје моментално се соочува со сериозни проблеми во снабдувањето со вода, а Клиничкиот центар, како институција од витално значење, има огромна потреба од стабилен извор. Како компанија која постојано се грижи за своите сограѓани, одлучивме да помогнеме во овие тешки моменти“, велат од „Кожувчанка“.
Оттаму додаваат дека оваа донација е само дел од нивната долгорочна стратегија за поддршка на здравствените институции.
„Водата е основна потреба за нормално функционирање, особено за здравствените установи. Со оваа донација сакаме да им олесниме на пациентите и медицинскиот персонал, но и да испратиме порака за единство и заедничка поддршка во време на криза“, истакнаа од компанијата.
Компанијата уверува дека и во иднина ќе продолжи со активности кои ќе придонесат за подобрување на условите во заедницата, особено во периоди на криза.