КОВАЧКИ ПРОГОВОРИ НА АЛБАНСКИ НА СОБРАНИЕ НА ДЕМОКРАТИТЕ НА БЕРИША Неговото обраќање беше поздравено со силен аплауз

Македонско-албанското пријателство не е дипломатска фраза, туку е географска, историска и цивилизациска реалност - порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

3

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки присуствуваше на националното собрание на Демократската партија на Албанија, каде што кусо во воведот се обрати и на албански јазик, пренесувајќи поздрави од лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски.

Ковачки соопшти дека присуствувал на настанот на покана од сестринската партија од Република Албанија и нагласил дека иднината на регионот треба да се гради врз заеднички вредности. Тој порача дека земјите од регионот треба да бидат дел од Европската Унија како рамноправни партнери.






,,Истакнав дека нашето место е во ЕУ, не понижени, туку како еднакви партнери“, наведе Ковачки.

Во своето обраќање, тој се осврна и на односите меѓу Македонија и Албанија.

„Македонско-албанското пријателство не е дипломатска фраза, туку е географска, историска и цивилизациска реалност“, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почитувањето на јазичните и културните особености е цивилизациска вредност што ја негуваме и надвор од границите, но и дома.
Македонија е држава која обезбедува високо ниво на права и можности за сите свои граѓани, без разлика на нивната етничка или јазична припадност. Токму затоа, наместо да се навраќаме на теми кои создаваат поделби, потребно е да се фокусираме на иднината, развојот и националното единство“ – рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
За време на обраќањето на албански јазик Ковачки доби силен аплауз од присутните.

Поврзани содржини