КОНТРОЛИ НА ШИРОК СОКАК, ВО ЧАРШИЈА Општина Битола ги „тресеше“ локалите и баровите
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола претпладнево соопштија дека акцијата ќе се одвива во кафе барови кои во најголем дел се лоцирани на Широк Сокак, во битолската чаршија, во новиот пазар во Нова Битола и на други места.
Општинскиот инспекторат во Битола, во координација со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, денеска ќе спроведат проширена контрола и на битолските локали и кафе барови.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола претпладнево соопштија дека акцијата ќе се одвива во кафе барови кои во најголем дел се лоцирани на Широк Сокак, во битолската чаршија, во новиот пазар во Нова Битола и на други места.
„Контролите ќе опфаќаат проверка на потребната документација, согласно Законот за угостителска дејност. Општинскиот инспекторат на терен редовно врши контрола на битолските локали и околу дозволите за поставување на урбаната опрема пред локалите“, се нагласува во соопштението од Општина Битола.