КОГА БАБА АНЧЕ ПРАВИ ЗИМНИЦА, ДЕТРОИТ МИРИСА НА АЈВАР Аница Клокановска готви и ги снима македонските рецепти за внуците
Порано бабите им готвеа на внуците, а сега и готват и прават видеа. Така барем прави Аница Клокановска или како што ја викаат нејзините внуци - баба Анче. На нејзиниот јутјуб канал (Baba Ance’s Kitchen), таа снима видеа за да ги зачува за своите внуци традиционалните македонски рецепти, иако живее во Америка цели 50 години.
Кујната на баба Анче или во оригинал, на мешавина од македонски и англиски, Baba Ance’s Kitchen, е името на фејсбук страница и јутјуб канал со македонски рецепти на Аница Клокановска, Македонка која живее во Америка цели 50 години.
Со 67 ипол години таа е сè уште млада, но „титулата“ – баба ја оправдува дури 4 пати, а „титулата“ прабаба, засега еднаш.
Аница е родена во Село Наколец, во Преспа, но заминала од дома на само 16 години, кога родителите ја испратиле кај вујко ѝ кој живеел во Виндзор, Канада.
„Јас сум најстара од четири сестри и моите родители ме пратија сама кај вујко ми за да имам подобар живот, на мои 16 години. И не згрешија. На 17 години се омажив и се преселив во Детроит, во Америка, каде што живееше мојот сопруг и сè уште сме тука, а оваа година направивме и 50 години во брак“, раскажува баба Анче.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.