🎥 КОЈА Е ЌЕРКАТА НА АНА ВИНТУР? Би Шафер ја придружуваше својата мајка на премиерата на „Ѓаволот носи Прада“

Иако својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, највлијателната жена во модната индустрија одвреме навреме се појавува на настани со својата ќерка Би Шафер. Последен пат тие беа заедно на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“.

3

Највлијателната жена во модната индустрија, Ана Винтур (76) се појави со својата ќерка Би Шафер (38) на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“.

Винтур ги има ќерката Би и синот Чарлс (41) со својот поранешен сопруг Дејвид Шафер, но  има и тројца внуци, Оливер, Каролин и Ели.

Иако нивната мајка е долгогодишна главна уредничка на Вог, ниту едно од нејзините деца не тргна по нејзините стапки во светот на модата. Би работи во забавната индустрија како телевизиски продуцент, додека Чарлс ги следел стапките на својот татко и станал психијатар.

Би е родена како Кетрин Шафер на 31 јули 1987 година во Лондон. Дипломирала англиска книжевност на Универзитетот Колумбија, но за разлика од нејзината мајка, таа не работи во модната, туку во забавната индустрија. Порано била сегментен продуцент во „Доцна навечер со Сет Мејерс“, а сега работи како продуцентка на Бродвеј, на претстави како The Wiz и The Last Five Years.

Би била во врска со Франческо Кароцино (43), син на покојната Франка Соцани, главен уредник на Вог Италија. Гласините за нив првпат започнале кога Би присуствувала на проекција на документарецот на Франческо за неговата мајка, „Франка: Хаос и креација“.

Портпаролот на Vogue ја потврди нивната свршувачка за PEOPLE во март 2017 година. Два месеци подоцна, Би го покажа својот веренички прстен за првпат на црвениот тепих на Мет Гала во 2017 година, каде што се појави со својот вереник.

Би се омажи за Франческо Кароцино во 2018 година, на интимна церемонија во домот на Ана во Мастик, Њујорк. По нивната свадба во Њујорк, двојката имаше втора прослава во Портофино, а нивната свадба беше претставена во Vogue.

Би отворено зборуваше за Грација за тоа како е навистина да се има Ана Винтур како мајка.

Таа откри дека нејзината мајка „станала уште попозната“ после филмот „Ѓаволот носи Прада“ бидејќи ликот на Мерил Стрип во филмот бил инспириран од Ана како уредничка на Vogue.

Во тоа време, многумина ја доживуваа како „многу ладна“.

– Таа е најдарежливата личност што некогаш ќе ја сретнете. Звучи неверојатно, но таа секогаш ќе ги стави другите пред себе. Таква е. Исто така, таа е исклучително ефикасна, брзо ѝ станува здодевно и сака работите да се решат – рече Би.

Поврзани содржини