ЕДНА Е МАЈКА! Северина објави нови фотографии со мајка ѝ и напиша дека не можела да исфрли ниту една

Северина Вучковиќ сподели серија фотографии со мајка ѝ Ана, која ретко ја гледаме во јавноста, а нејзината објава веднаш привлече внимание.

1

Северина Вучковиќ ги израдува следбениците со нова серија фотографии на кои позира со мајка ѝ Ана. Пејачката очигледно имала проблем да избере само неколку фотографии, па решила да ги објави сите.

– Не можев да исфрлам ниту една – напишала Северина покрај објавата.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Мајка ѝ Ана Вучковиќ ретко се појавува во медиумите, но Северина често нагласува колку е блиска со неа и колку ѝ значи нејзината поддршка. Во една од претходните објави, пејачката напиша: Домот е таму кадешто е мама, а двете позираа прегрнати и насмеани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Ана во јавноста главно се појавува кога станува збор за нејзината ќерка. Во декември 2023 година, Северина сподели видео со мајка ѝ и откри детали од своето раѓање, наведувајќи дека Ана по породувањето била пет месеци во кома.

Северина претходно зборува за нивниот однос, истакнувајќи дека отсекогаш била многу поврзана со мајка ѝ. Таа раскажала дека Ана секогаш знаела да препознае кој човек не е добар за неа, а нејзиниот најважен совет бил никогаш да не ја напушта работата и она што ја исполнува и ја прави среќна – музиката.

Нивната блискост можеше да се види и на концертите на Северина во „Арена Загреб“, каде што Ана ја следеше ќерка си од публиката.

Пејачката тогаш ѝ ја посвети песната „Далматинка“, а покрај снимката напиша:

– Јас бев твојата малечка… и уште сум.

 

 

Поврзани содржини