КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПОДНОВИ СО КЛИНИКА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА Догодина се планираат и роботи за операции на ‘рбет, колк и колено

Ако сè оди по планот, по пуштањето на клиниката кон крајот на годината следува воведување роботика. Планот е најпрво да се користи при операции на 'рбетниот столб, а потоа системот да се надгради и за операции на колк и колено.

6

Клиничкиот центар до крајот на годинава треба да добие нова Клиника за интензивно лекување и реанимација, а веќе за следната година се планира воведување операциона роботика.

– Се надевам дека до крајот на годината ќе биде пуштена и ќе можеме да дадеме интензивна нега според европски и светски стандарди – рече Мерџаноски во емисијата „За македонските работи“ на ТВ Алфа.






Следниот чекор е воведување роботика во операционите сали. Планот е најпрво да се користи при операции на ‘рбетниот столб, а потоа системот да се надгради и за операции на колк и колено.

Клиниката веќе имала презентации од неколку компании, а со Фондот за здравствено осигурување се разговарало и за обезбедување средства за опремата.

Според д-р Мерџаноски, со таквата технологија Македонија би можела да стане регионален лидер во лекувањето на овие заболувања.

Поврзани содржини