ДАЛ 338.250 ДЕНАРИ ЗА НОВА КУЌА, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ НИВ Мајсторот од Горна Матка исчезнал по земените пари

Мажот пријавил дека во декември 2025 година усно се договорил со Б.Р. да му изгради куќа, но откако му дал дел од договорените пари, повеќе не можел да стапи во контакт со него.

0

46-годишен маж од Скопско пријавил дека бил измамен за 338.250 денари откако на лице од Горна Матка му дал пари за изградба на куќа.

Според пријавеното, двајцата во декември минатата година усно се договориле Б.Р. да му ја изгради куќата за однапред договорен паричен надомест.






Откако му дал дел од договорените пари, 46-годишникот повеќе не можел да стапи во контакт со Б.Р. По неуспешните обиди да го пронајде и да воспостави контакт со него, сфатил дека бил измамен.

Случајот бил пријавен во полиција, а се преземаат мерки за утврдување на сите околности и расчистување на случајот.

Идентитетот и евентуалната одговорност на пријавениот ќе бидат утврдени во понатамошната постапка.

Поврзани содржини