🎥 КИНА ГРАДИ 90 ДАТА-ЦЕНТРИ ВО ГРАД СО 2 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ Евтината струја од ветер и сонце обезбедуваат 80% од потребната енергија
Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.
Додека во САД и другите земји се води борба околу центрите за податоци, Кина гради речиси 90 центри за податоци во Уланкаб, град со помалку од два милиони жители. Евтината електрична енергија, многу простор и брзата изградба ѝ даваат предност, но клучното прашање останува: дали ќе има доволно напредни чипови за да ги опреми сите тие објекти
Уланкаб е град кој се наоѓа на работ на пустината Габи и е оддалечен околу 320 километри од Пекинг. Градот е поврзан е со оптички кабли, а големите технолошки компании инвестираат во него. Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.
Некои веќе се завршени, а други во фаза на изградба.
Брзината на изградбата најдобро ја илустрира индустриската зона Бајин, чиј најголем дел е изграден за само две години.
Уланкаб е дел од еден од десетте национални кластери на центри за податоци во Кина, а речиси половина од локалната мрежа се напојува со енергија од ветер и сонце.
На неколку километри од Индустрискиот парк Бајин, компанијата Envision го доградува кампусот Галакси, комплекс кој покрива површина поголема од 20 фудбалски игралишта ( 120.000 квадратни метри). Во него ќе бидат сместени сервери и чипови од технолошки компании, меѓу другото за обработка на барања од корисници на апликации за вештачка интелигенција.
Envision тврди дека повеќе од 80% од електричната енергија ќе доаѓа директно од неговите ветерници, без да поминува низ јавната мрежа. Енергијата ќе се складира во батерии, а системот за напојување ќе биде прилагоден на потребите на серверот.
Дэлхийн хамгийн том цогц хиймэл оюун ухааны тооцоолох хүчин чадлын байгууламж болох Улаанцав дахь “Envision Galaxy Campus” албан ёсоор ашиглалтад орсонд баяр хүргэе!⚙️
Тус төв нь 1 сая P хэмжээний тооцоолох хүчин чадалтай бөгөөд цахилгаан эрчим хүчээ шууд ногоон эрчим хүчээр хангадаг юм. Энэ нь хурдацтай өсөн нэмэгдэж буй хиймэл оюун ухааны тооцооллын эрэлт хэрэгцээг илүү ногоон, үр ашигтай, эдийн засгийн хэмнэлттэй байдлаар хангах “Хятад шийдэл”-ийг санал болгож буй юм.Congratulations to the world’s largest single #AI computing facility, Envision Galaxy Campus in #Ulanqab, on going into operation!⚙️
Built with one-million-petaflop computing capacity and powered directly by green energy, this campus offers a “#China solution” to meet the surging AI computing demand in a greener and more cost-effective way.— Цао Ли 曹利 Cao Li (@ChnAmbMongolia) August 7, 2026
Директорот на комплексот, Рики Женг, вели дека студената клима ја намалува потребата од ладење и дека нивниот систем користи индустриски алкохол наместо вода како средство за ладење. Според него, ова е одговорот на проблемот со потрошувачката на вода што ги следи дел од центрите за податоци.
Комплексот се гради во фази, а вкупната планирана моќност е два гигавати. Женг вели и дека првата фаза е веќе целосно резервирана и дека се гради дополнителен капацитет за вештачка интелигенција и услуги во облак. Чиповите и серверите ги купуваат клиентите, кои, вели тој, биле убедени кога нарачувале простор дека ќе имаат доволно опрема.
-Го дизајниравме ова за следните десет години. Мора да се подготвите за иднината – вели Женг.
Развојот на инфраструктурата за податоци е еден од приоритетите на Пекинг, кој ја смета вештачката интелигенција за важен двигател на растот во земја чија економија забавува, а населението опаѓа. Според официјалните податоци вештачката интелигенција ја користат повеќе од 700 милиони луѓе во Кина.
Проширувањето на нејзината примена во производството, индустријата и секојдневниот живот бара огромна компјутерска моќ.
Во септември, Кина презентираше петгодишен план кој предвидува околу 560 милијарди долари инвестиции во информациска инфраструктура, вклучувајќи компјутерски капацитети. Станува збор за поширок план за инфраструктура, а не само за инвестиции во вештачка интелигенција.
„Родиум груп“ проценува дека инвестициите на набљудуваните кинески компании во инфраструктурата за вештачка интелигенција ќе достигнат околу 139 милијарди долари оваа година, приближно двојно повеќе од минатата година.
Со ова Кина се обидува да ги стигне САД во трката за вештачка интелигенција.
САД веќе имаат 800 милијарди долари инвестиции во американски центри за податоци.