МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈНИСКА ИНФЛАЦИЈА ВО РЕГИОНОТ Стојановски оцени дека таа е пониска и од просекот на ЕУ зоната
Пратеникот од ВМЕО-ДПМНЕ вели дека треба да се има предвид дека е постигната во услови на сложени финансиски текови и рекордни цени на горивата.
Кога ќе направите анализа на инфлацијата во регионот за месецот септември, согласно податоците објавени од официјалните институции на државно ниво ќе се потврди фактот дека Македонија е со убедливо најниска инфлација во целиот регион и пониска од просекот на ЕУ зоната, вели во објавата на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.
„Тоа што е важно и што треба да се потврди дека сето ова е во услови на најголемата енергетска криза во последните десетици години, но и убедливо најголемата енергетска криза во човештвото од аспект на прекин на синџирот на снабдување со енергенси. Треба да се подвлече фактот и дека Република Македонија има пониска инфлација и од просекот на ЕУ зоната. Во услови на сложени финансиски текови и рекордни цени на горивата, менаџирањето на економските текови и одржувањето на контролата со инфлацијата е успешно.
Можеби ќе ве интересира
Бројките кажуваат се! “, пишува Стојановски кој сподели и табела.