Ѕвездата на филмот „Сам дома“, Меколи Калкин и неговата избраничка, актерката Бренда Сонг, на 5 април го добија своето прво дете.
Тие добија син кој го нарекоа Дакота по сестрата на актерот, која починала во 2008 година.
„Пресреќни сме“, рекле кратко двајцата на „Екваер“.
Бренда и Меколи се запознаа пред неколку години кога работеа на филмот „Changeland“ и брзо впловија во романсата, а кратко потоа започнаа и заедно да живеат.
Меколи своевремено зборуваше и за плановите за потомство, постојано шегувајќи се.
– Многу вежбаме. Смисливме, времето успеа. Бидејќи ништо не ве возбудува повеќе од тоа кога вашата дама влегува во собата и вели: „Душо, јас овулирам“ – рекол Меколи своевремено, пренесува „Екваер“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
FOTO: Instagram