КАМИОН ИЗЛЕТА КАЈ БЛАЦЕ, ВОЗАЧОТ НЕ УСПЕА ДА СЕ СПАСИ Маж од Желино загина во тешка сообраќајка

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје во координација со јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот било предадено на обдукција.

638

46-годишен маж од село Желино, тетовско, го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на локалниот пат меѓу селата Горњане и Блаце, во близина на граничниот премин со Косово.

Според информациите од СВР Скопје, несреќата се случила околу 17:30 часот, кога товарно возило марка „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш. (46), излетало од коловозот.






„Возачот добил тешки телесни повреди и починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош“, информираа од МВР.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје во координација со јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот било предадено на обдукција.

Причините за несреќата се сè уште предмет на истрага.

Поврзани содржини