КАЈЛИ ЏЕНЕР И ТИМОТИ ШАЛАМЕ СЛИКАНИ НА ХВАР Ресторанот на островот во кој биле двете ѕвезди објави фотографија, а потоа ја избриша
Фотографија од посетата на славниот пар во ресторан на Хвар се појави на социјалните мрежи, но само неколку часа подоцна исчезна, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека Кајли Џенер и Тимоти Шаламе престојуваат на хрватскиот остров. Ние ја најдовме фотографијата на социјалната мрежа Икс.
Според хрватските медиуми, 29-годишната Џенер и 30-годишниот Шаламе наводно вечерале во познатиот ресторан „Гарифул“ на Хвар, заедно со пријатели. Токму ресторанот прв ја откри информацијата, откако на своите профили објави фотографии и порака дека имал чест да ги угости славниот пар и нивните пријатели.
– Посебна вечер на Хвар. Ни беше задоволство да ги угостиме Кајли Џенер, Тимоти Шаламе и нивните пријатели во Гарифул – напишале од ресторанот, заблагодарувајќи им се што токму нив го избрале за време на престојот во Хрватска. Објавата беше отстранета по само неколку часа и повеќе не е достапна на профилите на ресторанот. На фотографијата Кајли е речиси непрепознатлива без трошка шминка.
Иако фотографијата исчезна, информацијата брзо се прошири, а хрватските медиуми почнаа да пишуваат дека славниот пар можеби престојува на Хвар.
Timothée Chalamet with Kylie Jenner at Gariful, a waterfront restaurant in Croatia. 🤍 pic.twitter.com/NqMUHSUIHQ
— Timothée Nation (@timotheenation) September 24, 2026
Џенер и Шаламе се во врска од 2023 година, а нивната романса оттогаш е под постојано внимание на јавноста.
Парот главно се обидува да го држи својот приватен живот подалеку од јавноста, иако во последните години сè почесто се појавуваат заедно.