НАОМИ КЕМБЕЛ СЕ СРЕТНА СО ПОРАНЕШНИОТ СВРШЕНИК Манекенката пресреќна додека се шета по падокот на Формула 1 со Флавио Бриаторе

Наоми Кембел и Флавио Бриаторе, кои беа во врска од 1998 до 2002 година и се свршија пред повеќе од две децении, повторно беа фотографирани додека се шетаа заедно по падокот на Формула 1 во Баку.

0

Наоми Кембел ја замени модната писта со патеката за Формула 1 и пристигна во Баку на Големата награда на Азербејџан. Таа беше фотографирана во друштво на Флавио Бриаторе, нејзиниот поранешен свршеник, со кого беше во врска на крајот од 90-тите и почетокот на 2000-тите. Нивното заедничко појавување го потврдуваат и фотографиите од Ројтерс.

Кембел (56) е редовна посетителка на трките на Формула 1, па нејзиното присуство во Баку не е изненадување. За првиот ден од викендот избрала едноставна, но впечатлива комбинација – широки бели панталони и црн топ, дополнети со чанта и обувки од „Шанел“.






Бриаторе (76), пак, денес е извршен советник на тимот Алпин, а претходно беше познат како шеф на Бенетон во Формула 1.

Кембел и Бриаторе беа заедно од 1998 до 2002 година, а во текот на врската беа и свршени. По раскинувањето, според „Дејли мејл“, Бриаторе рекол дека таа е прекрасна, но дека е подобра како пријателка отколку како девојка. Сепак, нивниот однос со текот на годините останал близок.

Двајцата и денес се дружат и одат заедно на одмори, а Кембел често му се придружува на трките. Така и нивната средба во Баку е веројатно само продолжение на долгогодишното пријателство по прекинатата љубовна врска.

Пред да пристигне во Азербејџан, Кембел беше во Милано на Неделата на модата. Манекенката со години е поврзана со италијанскиот град, а според најновите извештаи таму купила и недвижност, па се шпекулира дека Милано би можел да ѝ стане нова база наместо Лондон.

Кембел последниве години стана мајка на две деца – петгодишна ќерка и двегодишен син. Првпат стана мајка во 2021 година, на 50-годишна возраст, кога со ќерката се појави и на насловната страница на „Вог“.

Поврзани содржини