ИЗВОЗОТ ОД „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ ВГОДИНА ЌЕ ДОСТИГНЕ 400 МИЛИОНИ ЕВРА Во првите 6 месеци во Македонија има 50 милиони странски инвестиции повеќе од лани

Премиерот истакна дека заклучно со јуни годинава имаме над 50 милиони странски инвестиции повеќе споредено со истиот период од минатата година.

5

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект со кој во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000 работни места, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешното потпишување договор во Владата со раководните лица од компанијата.

– Таму ќе се произведуваат автомобилски компоненти за германскиот автомобилски гигант Ауди. Ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот Регион и за целокупната економија, но и потврда дека како држава располагаме со квалификувана работна сила и индустриски капацитети кои можат да одговорат на највисоките европски стандарди – рече премиерот.






Во фабриката во индустриската зона Жабени ќе се произведуваат системи за нов модел на Ауди, со планиран обем од над 3.000 снопови дневно. Проектот предвидува и воведување современи технологии и дигитализација на производството.

„Кромберг и Шуберт“ досега има реализирано три инвестициски проекти во Жабени. Во Битола досега се вработени околу 5.300 луѓе, во Скопје се нешто над 1.700, а со новиот проект ќе се дојде до 10.000 вработени. Тоа покажува дека довербата што ја има „Кромберг и Шуберт“ во земјава е огромна.

– За Битола и цела Пелагонија ова значи нов развоен импулс, за локалното стопанство дополнителни можности, а за граѓаните перспектива за стабилна работа и економска сигурност. Нашата цел е да бидеме препознаени како сигурна и конкурентна инвестициска дестинација, со силна индустрија, зголемен извоз. Следната година од „Кромберг и Шуберт“ очекуваат да надминат 400 милиони евра извоз од своите производни капацитети кај нас. Имаат и подобро платени работни места – просечните плати, посебно за висококвалификуваниот кадар, се за 80% над просекот во Македонија – рече Мицкоски и се заблагодари на раководството на „Кромберг и Шуберт“ за довербата, како и на сите вработени кои со својата стручност и посветеност придонесуваат за реализација на вакви проекти.

Премиерот истакна дека заклучно со јуни годинава имаме над 50 милиони странски инвестиции повеќе споредено со истиот период од минатата година. Ако влезете на страницата на Народна банка ќе видите дека има над 50 милиони повеќе, за истиот период минатата година, додаде премиерот.

Поврзани содржини