ТОПЛЕС ФОТОГРАФИЈА НА РУСКАТА МАНЕКЕНКА Ирина Шајк ги привлече сите погледи со новите фотографии од Ибица
Четириесетгодишната манекенка позираше за новата кампања на модниот бренд Hunza G, а меѓу фотографиите се најде и топлес-издание во кое градите ги покрива со рацете. Кампањата за колекцијата Resort 2027 ја враќа естетиката на 2000-тите.
Ирина Шајк повторно привлече внимание со провокативни фотографии. Руската манекенка позираше за новата кампања на британскиот бренд Hunza G, а фотографиите се снимени на Ибица. Супермоделот на една од фотографиите позира топлес, додека ѝ помагаат да облече тесни кожени панталони што се закопчуваат однапред. Набргу потоа објави и фотографија од шминкерското столче, на која носи само градник со длабоко деколте и држи шолја кафе. облечена во црно мини-здолниште, додека со рацете ги покрива градите.
Во останатите фотографии Шајк носи различни модели костими за капење, меѓу кои и минијатурни бикини. Кампањата е за колекцијата Resort 2027, инспирирана од модата на почетокот на 2000-тите, со смели кроеви, текстурирани материјали и металик-детали.
Фотографиите ги направил фотографот Давит Гиоргадзе. Покрај бикините, колекцијата вклучува и едноделни костими за капење, мини-здолништа, кратки панталони и мини-фустани. Препознатливиот набран материјал на брендот е комбиниран со сјајни нијанси и детали што потсетуваат на модата од пред две децении.
View this post on Instagram
Шајк открила дека соработката со брендот дошла природно, бидејќи со години ги сака нивните модели. Таа ја опишала колекцијата како секси и разиграна, со носталгичен призвук на 2000-тите. Снимањето на Ибица, опкружена со пријатели, за неа било посебно искуство.
Манекенката и на 40 години е една од препознатливите фигури во меѓународната модна индустрија. Поголемата светска популарност ја стекна во 2011 година, кога стана првата руска манекенка што се појавила на насловната страница на специјалното издание за костими за капење на списанието „Спортс илустрејтид“.