ИСЧЕЗНА 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД БЕЛГИЈА ВО БИТОЛСКО Заминила од домот во Лавци и не се вратила

Нејзината 81-годишна баба пријавила дека девојката заминала од домот во Лавци и не се вратила. Полицијата презема мерки за нејзино пронаоѓање.

0

Осумнаесетгодишна девојка од Белгија исчезнала во битолското село Лавци, каде што престојувала, а полицијата презема мерки за нејзино пронаоѓање.

Нејзината 81-годишна баба А.П., исто така од Белгија и со привремен престој во Лавци, на 6 октомври околу 22 часот пријавила дека девојката заминала од домот во селото и не се вратила до моментот на пријавувањето.






Случајот е пријавен во СВР Битола, по што се преземаат мерки за пронаоѓање на 18-годишната девојка.

Засега нема други информации за околностите под кои таа заминала од домот.

Поврзани содржини