ПЕПЕЛ ОД ЌУМБЕ НАЈВЕРОЈАТНО ЗАПАЛИЛ ВИКЕНДИЧКА Пожар избувнал додека сопствениците правеле зимница

Сопственикот и неговата сопруга го истуриле пепелот од ќумбето во близина на викендичката, по што најверојатно преостанат жар предизвикал пожар.

0

Пожар избувнал во викендичка во скопското село Горно Соње, при што биле опожарени објектот и тревата во неговата близина. Нема повредени лица.

Според пријавеното, 74-годишниот сопственик на викендичката, Д.М., заедно со сопругата подготвувале зимница. По завршувањето, во близина на куќата го истуриле пепелот од ќумбето.






Сопственикот, според неговото кажување, претпоставува дека во пепелта најверојатно имало жар, кој подоцна предизвикал пожар.

Пожарот го зафатил објектот и тревата околу него. На местото интервенирала екипа од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која го изгаснала пожарот.

Поврзани содржини