17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ГИ ПРИЈАВИЛА НЕВЕНЧАНИОТ СОПРУГ, СВЕКРВАТА И НЕГОВАТА СЕСТРА Уапсени три лица за малтретирање и закани
Седумнаесетгодишната девојка случајот го пријавила во присуство на родител, по што полицијата ги лишила од слобода 23-годишниот невенчан сопруг, неговата 53-годишна мајка и 15-годишната сестра.
Седумнаесетгодишна девојка од гостиварско пријавила дека во подолг период добивала закани и била физички и психички малтретирана од нејзиниот невенчан сопруг, неговата мајка и неговата малолетна сестра.
Девојката на 6 октомври го пријавила случајот во Полициското одделение Ростуше, во присуство на родител. Таа навела дека била малтретирана од И.У. (23), неговата мајка Д.У. (53) и неговата 15-годишна сестра, сите од село во гостиварско.
Истиот ден, полицијата ги лишила од слобода И.У., Д.У. и малолетната девојка.
Од полицијата велат дека случајот се расчистува и се документира, по што ќе следува соодветна пријава.