ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ТОШКОВСКИ Е ПИСМЕН ДОКАЗ ЗА ГЛОДАРСТВО Нема друг интерес освен политичко профитерство
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски е категоричен дека за поднесената интерпелација ќе биде потпишан писмен доказ за глодарство и злоба на политички актери кои што немаат никаков друг интерес освен политички да профитираат.
Имаме можност денеска да дебатираме по поднесената интерпелација за министерот Панче Тошковски. И мислам дека неколку работи денеска треба да бидат кажани, директно кажани, јасно со цел да растуриме некои премиси коишто се создаваат во јавноста, како и која е целта на ова интерпелација, затоа што сметам дека многу неискреност има и многу зборови се споменаа во досегашните дискусии како морал, како одговорност, а за несреќа на оваа држава барем во претходните десет години можеме да направиме еден пример како се поставува по ваква трагедија, а како се постапувало, или не се постапувало во претходниот период, но и да видиме една одвратна малодушност и политички рефлектирано глодарство кое се граничи со мизерни и нечовечки особини, прецизираше во своето излагање пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната собраниска седница каде што се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски.
Стојаноски е категоричен дека за поднесената интерпелација ќе биде потпишан писмен доказ за глодарство и злоба на политички актери кои што немаат никаков друг интерес освен политички да профитираат.
– Интерпелацијата ќе биде писмен доказ, потпишан доказ за глодарство, злоба и една бескруполозност на политички актери кои што немаат никаков друг интерес, освен политички да профитираат – категоричен е Стојаноски.