„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“ Мицкоски на средба со македонската заедница во САД
Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна – напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Во рамки на посетата на САД, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, вчера присуствуваше на традиционалниот собир на Македонците од регионот на Њујорк и Њу Џерси, јави специјалниот известувач на МИА од Њујорк.
„Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница. Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија“, се вели во објавата на премиерот Мицкоски на неговиот фејсбук-профил.