„ИНСТРУМЕНТОТ“ НА УСАИД И НА СОРОС Е ВО ПРЕВЕНТИВНО БЕГСТВО ВО ДУБАИ Никола Груевски опасно алудира на Зоран Заев

Груевски ги коментира најновите тврдења на Вашингтон дека државната агенција УСАИД, под водство на демократите, му давала милиони долари пари на Сорос, главно за операции во Македонија и во Албанија. Поранешниот премиер вели дека тие пари се употребени за уривање на неговата влада.

4,147

„Она што го знаевме, сега самите Американци почнаа да го објавуваат во време на смена на режимот во Вашингтон. Дека државната агенција УСАИД, под водство на демократите, му давала милиони долари пари на Сорос за рушење на владата која ја предводев во Македонија и инсталирање друга влада, што беше реализирано и покрај покрај победата на изборите во 2016 година“.

Ова го пишува поранешниот премиер Никола Груевски во пост на Фејсбук.






„Целите ги знаеме, бидејќи и видовме што се случи потоа.

Инструментот за тие цели, кои очигледно, покрај политички, беа и од идеолошка природа, во моментот, и покрај тоа што повеќестрано ја има обезбедено својата неказнивост, за секој случај е на подолг ‘бизнис’ престој од веќе пет месеци во Дубаи и повремено во други земји претежно во Азија, во еден вид превентивно бегство, како што очигледно советувал и на некои други нему важни сопартијци при остварување на криминалните шеми.

Можам само да претпоставам што би откриле ако детално ги проверат активностите на некои од нивните службеници во обвинителството во Македонија во тие времиња, во СЈО и во судството во Македонија, како и за тоа како се местеле непосакуваните политичари на листите за санкции на САД.

Но не знам дали ќе одат толку длабоко“, пишува Груевски.

Поврзани содржини