ЖОЛТО, ЗЕЛЕНО, ЦРВЕНО Секое јаболко има свои придобивки

Под различните бои на кората од јаболка – жолта, црвена или зелена – се кријат различни антивоспалителни и антиоксидантни материи.

260

Добро е познато дека пет порции овошје и зеленчук дневно го штитат организмот, се борат против стареењето на клетките, ја одржуваат телесната тежина под контрола и се одлични сојузници на имунолошкиот систем.






Овошјето и зеленчукот ја имаат оваа моќ благодарение на хранливите материи како што се јаглени хидрати, витамини, минерали, влакна, антиоксиданти и фитохемикалии со антитуморни својства.

Помеѓу овошјето, јаболката, кои се достапни во текот на целата година, заслужуваат посебно внимание. Едно свежо јаболко со лушпа и тежина од 150 грама обезбедува приближно 65 калории, 15 грама растворливи шеќери, 3,9 грама влакна, 0,3 грама протеини, 114 мг калиум и пет милиграми витамин Ц, со малку масти и натриум.

„Јаболкото е одличен сојузник во борбата за здрав кардиоваскуларен систем. Со антиинфламаторни и антиоксидантни својства и извор на растворливи влакна, вклучително и пектин, јаболката помагаат во регулирањето на цревната бактериска флора. Се препорачуваат и против запек и дијареа, бидејќи со помош на нерастворливи влакна ја поттикнуваат здравата цревна перисталтика“, вели нутриционистката Мајли Фиорентини.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини