ИМАМЕ РЕЗЕРВИ КЕРОЗИН ЗА 90 ДЕНА Планирани се 5 нови дестинации за летање и покрај кризата
Успеавме Скопје да го направиме центар на 4 аеродроми што прават снабдување со керозин од тука , вели министерот за транспорт Александар Николоски.
Нема проблем со снабдувањето со керози, имаме резерви за 90 дена, иако законски мора да имаме за 60 дена, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
– Со керозин од кај нас, покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на 4 аеродроми што прават снабдување од тука – рече Николоски во гостување во поткастот „Ноќно студио“.
Во услови кога се најавуваат откажувања на летови, ние во тек на јуни планираме 5 нови дестинации од скопскиот и од охридскиот аеродром, додаде Николоски.
– Аустриа ерлајнс ќе почне да лета од Виена до Охрид за прв пат. Визер ќе лета од Охрид до Краков и до Вроцлав. Имаме 2 одлични туристички дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо- Сицилија, другата е Алгеро-Сардинија – истакна Николоски.