ИЛОН МАСК СТАНА ПРВИОТ БИЛИОНЕР ВО СВЕТОТ Голем интерес за акциите на неговата СпејсИкс на берзата

Во СпејсИкс Илон Маск поседува удел вреден околу 866 милијарди долари, а заедно со Тесла и останатиот имот, неговото богатство ќе надмине 1,1 билион долари.

0

Илон Маск стана првиот човек во историјата чие богатство надмина билион долари, откако неговата компанија СпејсИкс (SpaceX) собра рекордни 75 милијарди долара во иницијалната јавна понуда на акции (ИПО).

Според пресметките засновани на документите на компанијата, најголемиот дел од богатството на Маск сега се наоѓа во СпејсИкс, каде што поседува удел вреден околу 866 милијарди долари, а заедно со Тесла и останатиот имот, неговото богатство ќе надмине 1,1 билион долари по почетокот на тргувањето со акциите на СпејсИкс на берзата.






Инвеститорите сметаат дека вредноста на СпејсИкс делумно се занова на таканаречената „Илон Маск премија“, односно на довербата во неговата способност да развива нови технологии и компании.

– Исто како и Тесла, СпејсИкс е облог на Илон Маск. Пазарната капитализација од 1,5 до два билиони долари сигурно би ги направила бесмислени сите традиционални методи за проценка на вредноста и најдобро може да се опише како ’Илон Маск премија‘ – рече Мет Кенеди од компанијата „Ренесанс Капитал“, која се занимава со истражување на ИПО пазарот и ЕТФ фондовите.

Побарувачката на инвеститорите за иницијалната јавна понуда на акции (ИПО) на компанијата СпејсИкс достигна ниво од околу четири пати поголем интерес во однос на понудениот обем на емисијата. Големиот интерес, пред сè на институционалните инвеститори, доаѓа во пресрет на очекуваното излегување на СпејсИкс на берзата, кое, според оценките на пазарните учесници, би можело да стане најголемата јавна понуда на акции досега.

Претходно, магазинот Форбс го процени богатството на Маск на околу 780 милијарди долара, што беше значително повеќе од богатството на второпласираниот на листата на најбогати луѓе во светот, соосновачот на компанијата Алфабет (Alphabet), Лари Пејџ.

Маск (54) е роден во Преторија, Јужна Африка, а на пошироката јавност ѝ стана познат како извршен директор на Тесла и основач на СпејсИкс. Покрај Тесла и СпејсИкс, Маск е коосновач на повеќе компании, меѓу кои се Боринг Компани (Boring Company), која се занимава со изградба на тунели, и Неуралинк (Neuralink), компанија за развој на мозочни импланти.

Поврзани содржини