ХАОС ВО ШТУТГАРТ Германската полиција приведе 59 навивачи на ПСЖ

Се известува и дека безбедносните мерки ќе бидат засилени на денот на натпреварот на кој се очекува да присуствуваат 3.300 навивачи на ПСЖ.

248

Германската полиција во Штутгарт приведе 59 навивачи на Пари Сен-Жермен пред вечерашниот меѓусебен дуел во Лигата на шампионите.

Според „RMC Sport“, ситуацијата во центарот на Штутгарт синоќа била тензична поради активноста на ултрасите од двата тима, а навивачите на Штутгарт биле придружувани од околу 50 жестоки навивачи на Сент Етјен. Полицијата ги приведе гостинските навивачи за да спречи сериозни инциденти.






Се известува и дека безбедносните мерки ќе бидат засилени на денот на натпреварот на кој се очекува да присуствуваат 3.300 навивачи на ПСЖ.

Натпреварот Штутгарт – ПСЖ е закажан за вечер во 21 часот.

Поврзани содржини