🎥 ХАОС ВО ГРАДСКОТО СОБРАНИЕ ВО НОВИ САД Советниците од опозицијата се судрија со полицијата

Како што објавија локалните медиуми, дошло и до тепачка меѓу полицијата и советниците од опозицијата. Полицијата се обидува да ги избрка советниците од зградата.

2,376

Српската полиција денеска упадна во Градското собрание во Нови Сад, кое претходно беше блокирано од опозициските советници.

Како што објавија локалните медиуми, дошло и до тепачка меѓу полицијата и советниците од опозицијата. Полицијата се обидува да ги избрка советниците од зградата.






Претходно, градските советници, републичките и покраинските пратеници упаднаа во Градското собрание во Нови Сад и ги блокираа влезовите и канцеларијата на градоначалникот Милан Ѓуриќ.

Тие влегоа во Градското собрание во кое се сместени градоначалникот и градската власт и изјавија дека ќе го блокираат сѐ додека не завршат истрагата и судскиот процес за трагедијата на железничката станица.

Полицијата веднаш по упадот на опозицијата се појави во кордони и во обид да ги истисне луѓето надвор од просториите на Градското собрание.

Поврзани содржини