ГРИНПИС ПРОТИВ РУСКАТА НАФТА Екологистите ги блокираат пристаништата за бродовите од Русија

Гринпис соопшти дека 12 активисти вчеравечер го зазеле пристаништето на локацијата на терминалот Навигатор, на Темза, во Есекс, каде што се очекувало танкер Андромеда со нафтени деривати, под грчко знаме, да го истовари својот руски товар.

160

Активисти на Гринпис го блокираа влезот за грчки танкер во пристаниште на југот на Англија поради товарот со руско гориво, соопштија денеска организацијата.

Гринпис соопшти дека 12 активисти вчеравечер го зазеле пристаништето на локацијата на терминалот Навигатор, на Темза, во Есекс, каде што се очекувало танкер Андромеда со нафтени деривати, под грчко знаме, да го истовари својот руски товар, пренесуваат британските медиуми.






Полицијата во Есекс денеска соопшти дека доцна синоќа биле повикани полицајци на навигацискиот терминал.

„Досега се уапсени осум лица осомничени за тежок напад на имот, а ние со нашите партнери работиме на тоа да однесеме што поголем број други на безбедно“, се наведува во соопштението.

Во последниве недели, голем број бродови со руски товар го сменија курсот на пловење, особено по протестите во пристаништата во Обединетото кралство и ЕУ.

Поврзани содржини