ГОРИ ОБЈЕКТ ВО КРУГОТ НА ФАБРИКАТА „ЖЕЛЕЗАРА“ Скопските пожарникари се борат со стихијата
Од скопската Противпожарна единица велат дека станува збор за канцеларии на приватна фирма.
Попладнево околу 17 часот изби пожар во деловни простории во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Од скопската Противпожарна единица велат дека станува збор за канцеларии на приватна фирма.
„Се интервенира во моментов. Нема повредени“, информираа од Противпожарната единица. Тие не можеа да кажат што точно има друго во просториите, бидејќи објектот е уште во пламен.
Според Центарот за управување со кризи, станува збор за пожар кој избил на отворен простор во близина на објект за трговија со бои. Според пријавата, објектот се наоѓа на булевар Александар Македонски бр. 67, а од ЦУК ја известиле Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која излегла на терен.
„На терен се 6 ПП возила со 20 пожарникари. Пожарот се уште се води како активен“ – информира ЦУК.