📽️ ГО БРКАА, КИНЕСКИОТ ТАНКЕР НАГЛО СВРТЕ „Ова не е видено од Кубанската криза“

Американската морнарица го принуди танкерот „Rich Starry“ да се врати назад во Ормускиот Теснец, додека тензиите со Кина и Иран драматично растат.

3,010

Американската морнарица запрела санкциониран кинески танкер во Ормускиот Теснец и го принудила да го смени курсот, потег што предизвика силни реакции и страв од ескалација.

Танкерот „Rich Starry“, кој превезувал метанол кон оманското пристаниште Сохар, нагло свртел во Оманскиот Залив, каде што патролираат десетици американски воени бродови.

Бродот требало да биде првиот што ќе помине низ теснецот по воведувањето на блокадата од страна на Доналд Трамп.

– Кинеските танкери нема да можат да стигнат до својата нафта – изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.

Иако товарел во Обединетите Арапски Емирати, бродот и неговиот сопственик се под американски санкции поради врски со Иран.

Во вторникот медиумите пишуваа дека кинескиот брод е еден од четири бродови кои успеале да поминат низ Теснецот и покрај блокадите. Додека Иран го блокира Теснецот, САД најавија дека ќе ги пресретнуваат бродовите.

Дали Кина му помага на Иран?

Пекинг ја осуди блокадата на танкерот како опасен потег.

„Ова само ќе ги влоши тензиите и ќе го поткопа прекинот на огнот“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Американските разузнавачки информации, пак, укажуваат дека Кина се подготвува да испорача системи за воздушна одбрана на Иран. Ова дополнително ги заострува односите меѓу двете сили.

Пекинг ги отфрли обвинувањата на Вашингтон дека Кина му помага на Техеран. Пекинг се закани со контрацарини за најавите на американскиот претседател дека ќе воведе царини од 50% за Кина ако Иран добие помош.

„Не е видено од Кубанската криза“

Аналитичарите оценуваат дека станува збор за историски потег.

– Ова е најзначајна акција од времето на Кубанската ракетна криза – изјавил поранешен функционер на Пентагон.

Во првите 24 часа од блокадата, ниту еден брод не успеал да помине. Американските сили веќе вратиле шест трговски бродови назад.

Страв од нов фронт

Саудиска Арабија врши притисок за укинување на блокадата. Постојат стравувања дека Иран може да возврати преку сојузниците во Јемен.

Тоа би значело затворање на клучни поморски рути и удар врз глобалната нафта.

Поврзани содржини