ОБНОВЕНИ ТЕРЕНИТЕ ЗА ФУДБАЛ И ЗА КОШАРКА ПОКРАЈ ВАРДАР ВО МАЏИР МААЛО Кејот е еден од клучните приоритети на градоначалникот Ѓорѓиевски

Уште од првите денови почнавме со темелно чистење и со уредување, со цел реката Вардар повторно да тече во своето природно, достоинствено корито, а просторот околу неа да стане вистинска урбана вредност, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

208

Кејот на Вардар во Маџир Маало доби нов лик, со обновени спортски терени, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Денеска заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски ги пуштивме во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, место кое повторно се враќа на граѓаните како центар на рекреацијата, спортот и за дружење“, рече Ѓорѓиевски.

Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети, нагласи тој.

„Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, почнавме со темелно чистење и со уредување, со цел реката Вардар повторно да тече во своето природно, достоинствено корито, а просторот околу неа да стане вистинска урбана вредност. Денес, овој дел од градот добива нова димензија – функционален, модерен и динамичен јавен простор, отворен за сите генерации. Реконструирани се терените за фудбал и за кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда. Инвестирањето во спортот значи инвестирање во иднината, во здрави млади генерации, во дисциплина, дух на победа и во силно општество“, вели градоначалнико Ѓрошиевски.

Тој упати искрена благодарност до министерот Ристовски за поддршката и партнерскиот пристап и додадде дека ваквата соработка носи конкретни резултати и создава проекти со вистинска вредност за граѓаните.

„Ова, почитувани, е само почетокот. Преку рамномерен развој во сите општини создаваме еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее“, објави Ѓорѓиевски.

 

Поврзани содржини