СЕ УРЕДУВА КЕЈОТ НА ВАРДАР Темелно се санира секое оштетување од Лисиче до Влае

0

Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар на потегот од Лисиче до Влае, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Се заменуваат уништените подни плочки, се нивелираат нерамните површини и темелно се санира секое оштетување, со цел кејот повторно да биде безбеден, функционален и достоинствен простор за сите генерации.






„Кејот е едно од најпосетените и најомилените места на скопјани. Тука се спортува, се рекреира, се создаваат пријателства и се минуваат драгоцени семејни моменти. Затоа, неговото уредување не е само обврска, туку наша одговорност кон секој граѓанин.

Во тек е и голема акција за темелно расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје.

 

Поврзани содржини