ВО ЧИЈ „МЕРЦЕДЕС“ СЕ ВОЗИ ЖЕРНОВСКИ И ЗОШТО ИМА НЕГОВИ ИНИЦИЈАЛИ НА ТАБЛИЧКИТЕ? Манасиевски прашува колку чини ова ултра модерно возило
Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ го праша Андреј Жерновски, меѓународен секретар на СДСМ, во чија сопственост е ултра модерниот автомобил „мерцедес“ што го вози и ако е на Жерновски – зошто не е пријавен во ланскиот имотен лист.
„Неакредитираниот амбасадор и очаен дипломат, Андреј Жерновски, пред 2 недели во гостување на поткаст вели дека нема во сопственост автомобил марка „мерцедес“ со регистарски таблички од иста бројка, туку дека некогаш во животот возел „мерцедес“, во сопственост на негов братучед. Но, светот е мал, па вистината се дознава прилично брзо. Би сакал да го прашам господинот Жерновски, дали автомобил марка „мерцедес“ со регистарски таблички SK 8888 ZA е во негова сопственост? Ако да, зошто не е пријавен во имотниот лист кој го има во ланскиот извештај?“, напиша Манасиевски на Фејсбук.
Тој прашува колкава е цената на овој ултра модерен „мерцедес“ со регистарски таблички со негови иницијали.