МЕСИ СТАНА СОПСТВЕНИК НА КЛУБ Aргентинецот вложи во шпански петтолигаш

Аргентинската ѕвезда се приклучи на листата фудбалери кои инвестираат во клубови од пониските лиги.

410

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси стана сопственик на шпанскиот клуб УЕ Корнеља, кој настапува во пониските лиги. Веста ја соопшти клубот од предградието на Барселона.

Со оваа инвестиција, поранешниот играч на Барселона и капитен на аргентинската репрезентација се приклучува на групата познати фудбалери кои вложуваат во клубови од пониските натпреварувачки рангови.

Меѓу нив е и ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, кој инвестираше во францускиот клуб Кан. Н’голо Канте е сопственик на белгискиот тим Ројал Екселсиор Виртон, додека Жерар Пике раководи со шпанскиот клуб Андора.

На листата се и Џејми Варди, кој има сопственички удел во Рочестер Њујорк, како и Дејвид Бекам, еден од сопствениците на Интер Мајами, клуб во кој настапува и Меси.

Поврзани содржини