(ГАЛЕРИЈА) НЕМА ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ СТЕ НА ТАЈЛАНД ИЛИ ВО ТУРЦИЈА Сѐ за задоволни гости и повратници туристи

Може слободно да се каже дека концептот на туризам во Турција е примамлив – еднаш кога ќе платите, нема дополнителни трошоци. Сѐ е вклучено во цената и го нема стресот дали ќе имате пари за сладолед или за сокче. Турците, несомнено, знаат како ве освојат и да ве задржат како турист!

895

Домаќини како Турците речиси и да нема, тие на најубав начин знаат да ги пречекаат своите гости особено во Анталија, најпопуларното нивно летувалиште. Во ова се увери и екипата на Плусинфо која беше дел од инфо-турата на туристичката агенција „Фибула“ во Анталија.

Нашите водичи од „Фибула“, Фатмир од Сиде и Виктор од Скопје, навистина се погрижија да имаме прекрасни седум дена при нашата посета на анталиската ривиера, притоа да уживаме во сите убавини кои ги нудат хотелите кои беа дел од програмата, па поради тоа со вас ќе ги споделиме нашите импресии и ќе ви препорачаме неколку хотели за кои веруваме доколку ги изберете ова лето ќе имате прекрасен одмор.






„Well Palace“ и „Siam Elegance Hotels“ се сопственост на „Фибула“

Покрај бројните хотели кои ги имаат во нивната понуда, туристичката агенција „Фибула“ има и сопствени хотели кои се наоѓаат на анталиската ривиера, а екипата на Плусинфо имаше можност да посети два од нив „Well Palace“ и „Siam Elegance Hotels“.

Турците се надалеку познати по својата гостопримливост, но без сомнение најубавиот пречек со разновидни коктели и бројни закуски, но и со песните на нашата најголема ѕвезда, Тоше Проески, го имавме во „Well Palace“. Хотелот од пред неколку месеци е во сопственост на „Фибула“, а како што ни кажаа од менаџментот, тие за само 20-тина дена успеале да го реновираат и да го подготват за претстојната сезона.

Хотелот „Well Palace“ се наоѓа во Евренсеки, на 6 километри од Сиде и 50 километри од аеродромот во Анталија.

„Well Palace“ има сопствен бар на една од најубавите плажи во Сиде со златен песок и прекрасно тиркизно море, а која се наоѓа на 400 метри од хотелот, но без грижа дотаму имате организиран превоз на секои 10-15 минути. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни, а исто така има и закуски, па затоа нема потреба да се враќате на ручек во хотелот.

Самиот хотел има главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со италијанска, рибна и турска кујна, барови околу целиот хотелски комплекс, диско-клуб, како и бројни анимации кои се составен дел од дневните содржини на хотелот. Со сигурност може да се каже дека овој хотел е одличен избор за семејства со мали деца.

Без зборови останавме и при посетата на вториот хотел на „Фибула“, кој е еден од најпродаваните меѓу Македонците, а станува збор за „Siam Elegance Hotels“ кој е реновиран во 2022 година и е тематски хотел дизајниран во тајландски стил.

Веднаш до градината на хотелот се наоѓа плажа со песок и ситни камчиња, но сè е толку чисто и толку убаво уредено. Сè на свое место, без метеж, како и персонал кој е премногу љубезен.

Хотелот нуди сместување во 325 соби во пет блока кои се опремени со клима-уред, ТВ со рамен екран со сателитски приемник, телефон со директна линија, бања со туш или када, фен, минибар, сеф, безжичен интернет, балкон.

На територијата на хотелот има главен ресторан, 4 À la Carte ресторани (тајландски, италијански, риби и турски), 4 барови и диско, главен надворешен базен, базен за релаксација, базен со тобогани, детски базен, СПА центар со внатрешен базен, турска бања и сауна, фитнес-центар, програма за анимација, музика во живо, вечерни шоуа, пикадо и пинг-понг, мини голф, одбојка на плажа, ватерполо, водена гимнастика, аеробик, детско игралиште, детски забавен парк (во одредени временски интервали, во зависност од временските услови), мини клуб, мини диско, конференциски сали, безжичен интернет низ целиот комплекс.

Не за џабе „Siam Elegance Hotels“ е еден од најбараните хотели меѓу македонските туристи, топлината и гостопримството кои ги почувствуваме ние веруваме дека ќе бидат пресудни токму овој хотел да биде следната дестинација за вашиот незаборавен одмор во Турција.

Рајот наречен „Gypsophila Club Marine“

Во подножјето на планината Таурус се простира областа Кемер, 40 километри западно од Анталија, во комбинација од планини, борова шума, кристално чисто море и камчеста плажа се наоѓа „Gypsophila Club Marine“, а кој многумина од нас кои бевме дел од турата едноставно нѐ остави без зборови. Хотелот е опкружен со зеленило и благодарение на неговите капацитети е погоден за семеен одмор во Турција, а поради зеленилото изгледа како ботаничка градина и на секое ќоше домаќините се погрижиле да ви го привлечат вниманието.

Одморалиштето се наоѓа веднаш на плажа. Плажата е песочна и камчеста и е во сопственост на хотелот, а со целиот амбиент го прави едно од најатрактивните места во овој регион.

Gypsophila Club Marine“ има СПА центар кој нуди соби за различни видови масажи, бројни козметички и терапевтски третмани. Гостите кои сакаат активен одмор и забава имаат на располагање аква-парк, игралиште за одбојка на плажа, тениско игралиште, игралиште за кошарка, фудбал, пинг-понг, пикадо билијард, додека групните спортови вклучуваат часови по аеробик и аква гимнастика. За најмладите гости се грижи стручен тим од аниматори, додека за сите гости на хотелот за време на нивниот престој се организираат забавни емисии и тематски вечери.

Покрај главниот ресторан во кој се служат оброци, на гостите им се достапни À la Carte ресторани специјализирани за медитеранска, италијанска и национална турска кујна. Покрај ресторанот, има и 9 барови кои служат освежителни пијалаци, лесни оброци и закуски, како и разни видови деликатеси. Меѓу дополнителните капацитети и услуги, хотелот има и лекарски услуги, услуги за чување деца и услуги за перење и пеглање.

Местоположбата на хотелот, како и ботаничката градина со прекрасната борова шума, нас едноставно нѐ плени, а импресиите од оваа посета ги раскажувавме до последниот ден од нашето патување.

„Mirage Park Resort“ е идеален за семеен одмор

Со задоволство можеме да ги споделиме импресиите од „Mirage Park Resort“ каде што минавме две вечери, а нашите прекрасни домаќини се потрудија овој престој да биде незаборавен и да посакаме повторно да се вратиме таму.

Прекрасен комплекс со пет ѕвезди лоциран на првото крајбрежје, уреден во класичен стил. Прекрасна комбинација на море, планина и огромна зелена територија. Во близина на хотелот има продавници и кафулиња. Пространи, удобни и пријатни соби, активна анимација за деца и возрасни, добра услуга, разновидна храна, вклучително и безглутенска кујна и ресторан во кој се служат специјални оброци за појадок, ручек и вечера, оваа кујна е целосно одделена од другата кујна. Топла препорака за парови и семејства, вклучително и со деца.

Mirage Park Resort“ се наоѓа во регионот Гојнук на 7 километри до центарот на градот Кемер и 45 километри од аеродромот во Анталија. Има хотелска приватна плажа со камчиња и песок, со бесплатни крпи за плажа, лежалки и чадори за сонце.

Надворешни и внатрешни базени со детски базени, тобогани, фитнес-центар, сауна, турска бања, парна соба, тениски терени, мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг, мини голф се бесплатни.

Услугата е феноменална. All inclusive plus/ultra.

Шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски доцна навечер, ран појадок, закуски во текот на денот во снек-бар на плажа и базените, слаткарница, сладолед, специјален дел за деца во главниот ресторан и во мини клубот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Целиот регион Анталија нуди задоволство за семејства со деца, затоа што секаде може да се најде некоја интересна занимација. Ако го изберете Сиде, ќе изберете да го поминете одморот на песочни плажи. Ако не ви се патува многу – изборот е Анталија зашто е најблиску до аеродромот, Кемер е за љубителите на исклучително чисто море и плажи со камчиња. Но, кој регион или хотел да го изберете – нема да се разочарате, затоа што услугата е речиси секаде на врвно ниво.

И на крајот, може слободно да се каже дека концептот на туризам во Турција е примамлив – еднаш кога ќе платите, нема дополнителни трошоци. Сѐ е вклучено во цената и го нема стресот дали ќе имате пари за сладолед или за сокче. Турците, несомнено, знаат како да ве освојат и да ве задржат како турист!

Поврзани содржини