ФИЛИПЧЕ ДОБИ ШЛАКАНИЦА ОД ВАЈЦ! ВМРО-ДПМНЕ му порача на лидерот на СДСМ да не шири лажни вести
Му даваме совет на Филипче ако сака да оди напред нека гледа напред. Исто така, ако сака да оди напред треба да ги следи навреме работите и да не шири лажни вести - се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче доби шлаканица и тоа директно од европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц, оцени ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Еве сега и ќе му објасниме на Филипче зошто се занимава со глупости. Прво, Вајц вечерва јасно кажа дека интервјуто е старо и оти дадено е пред седум недели. Второ, Вајц јасно се осврнува на напредокот на Македонија на патот кон Европската унија, односно на реализирање на европската агенда.
Му даваме совет на Филипче ако сака да оди напред нека гледа напред, исто така ако сака да оди напред треба да ги следи навреме работите и да не шири лажни вести“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент Вајц во изјава за Телевизија Канал 5 вели дека интервјуто дадено за бугарска телевизија е снимено пред повеќе од седум недели и дека не е јасно зошто е објавено дури сега. Според него, тоа е непрофесионално и со некаква агенда.