ФАТЕНИ СО 90 ПАКЕТИ РАЗНА СТОКА БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА Уапсени двајца млади скопјани
При контролата било утврдено и дека возачот немал важечка возачка дозвола од Б-категорија.
Двајца млади скопјани се уапсени откако полицијата во нивното возило пронашла околу 90 пратки со разновидна стока без соодветна документација, информира МВР на својот профил на Фејсбук.
Акцијата била спроведена во понеделникот вечерта околу 22:50 часот на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, каде полициски службеници извршиле контрола на автомобил „форд“ со скопски регистарски ознаки.
Зад воланот бил М.И. (19) од Скопје, а при прегледот на возилото биле пронајдени околу 90 пратки со различни производи, спакувани во црни кеси. Според полицијата, за стоката не била приложена соодветна документација.
При контролата било утврдено и дека возачот немал важечка возачка дозвола од Б-категорија.
Во возилото бил затекнат и сопственикот на автомобилот, Е.Ш. (20) од Скопје, по што двајцата биле уапсени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Против 19-годишниот возач ќе биде поднесена кривична пријава поради управување моторно возило без важечка возачка дозвола.