ЕВРОПА И УКРАИНА МОРА ДА УЧЕСТВУВААТ ВО МИРОВНИОТ ПРОЦЕС Зеленски им се обрати на лидерите на Г7

Украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека многу се потпира на единството на светот за поддршка на Украина – единството на Европа, на Америка, на сите земји кои сакаат да живеат во мир и врз основа на предвидливи правила и меѓународно право.

155

Украина и САД работат продуктивно на економски договор, кој е во центарот на напорите да се стави крај на руската војна во земјата, рече денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев за време на видео-конференцијата со лидерите на земјите од Г7, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп.

Украинскиот претседател им повтори на лидерите на Г7 дека и Европа и Украина мора да учествуваат во мировниот процес за Украина.






Зеленски учествуваше на состанокот на Г7 заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој денеска е во посета на Киев и чија земја е ротирачки претседавач со Г7 оваа година. На видео-конференцијата присуствуваше и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која исто така престојува во Киев.

Зеленски ја опиша средбата како многу важен сигнал за поддршка за Украина и за украинскиот народ. Тој рече дека средбата била продуктивна.

Зеленски, исто така, рече дека за време на видео-конференцијата се разговарало за потребата од безбедносни гаранции за Украина и за конкретни начини да се обезбеди „крај на руската агресија и да се спречи нова слична“.

Тој додаде дека многу се потпира на единството на светот за поддршка на Украина – единството на Европа, на Америка, на сите делови од светот и на сите земји кои сакаат да живеат во мир и врз основа на предвидливи правила и меѓународно право.

На средбата, која се одржа преку видео-конференција, од Овалната соба на Белата куќа покрај американскиот претседател Доналд Трамп присуствуваше и неговиот француски претседател Емануел Макрон, кој е во посета на САД. На средбата преку видео-конференција учествуваа и лидерите на Велика Британија, Германија и на Италија.

Поврзани содржини