СИ ЏИНПИНГ МОЖЕ ДА ГИ СЕДНЕ НА ИСТА МАСА ТРАМП И ПУТИН Русија најави можна трилатерална средба

Рускиот функционер Јуриј Ушаков вели дека Си Џинпинг би можел да преземе чекори за организирање трилатерална средба доколку Доналд Трамп присуствува на самитот на APEC во Шенжен.

0

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг, како домаќин на претстојниот самит на Азијско-пацифичката економска соработка (APEC) во Шенжен, би можел да преземе чекори за организирање трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

– Ако таму биде претседателот на САД, мислам дека домаќинот на овој настан, претседателот Си Џинпинг, веројатно ќе преземе некои чекори во врска со евентуалното организирање трилатерална средба – изјави Ушаков за руската агенција „Вести“.






Ушаков истовремено наведе дека подготовките за евентуална средба меѓу Путин и Трамп сè уште не започнале.

Тој додаде дека Русија добила покана за учество на форумот и дека, како што било претходно најавено, руска делегација ќе учествува на самитот.

Претходно, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Ѓакун, изјави дека Пекинг во моментов нема информации за можна средба меѓу Си, Путин и Трамп за време на претстојниот самит.

Гуо посочи дека Кина, како овогодишен домаќин на меѓународниот собир, е подготвена заедно со делегациите на другите земји да придонесе кон постигнување конструктивни резултати за време на нејзиното претседавање со APEC.

Поврзани содржини