ДЕВОЈЧЕТО НАЈДЕНО ВО СКОПЈЕ ГО ЗГРЕШИЛО АВТОБУСОТ ВО КУМАНОВО Ја пронашол случаен минувач
Во автобусот за Скопје таа била пронајдена од случаен минувач, се вели во бителнот на СВР Куманово.
Шестгодишното девојче кое исчезна во Куманово и беше пронајдено во скопската населба Гази Баба, по грешка влегло во автобус кој сообраќал до Скопје наместо во градски автобус. Ова го соопшти кумановската полиција давајќи детали за случајот.
Во автобусот за Скопје таа била пронајдена од случаен минувач, се вели во бителнот на СВР Куманово.
Мајката на девојчето, 28-годишната С.Т, пријавила дека нејзината ќерка се одддалечила од домот на 14 април во 15 часот.
„Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач“, информираше СВР Куманово.