🎥 ЕВЕ КАКО СИ ИГРАЛЕ СО ОГАН, ПА ЃАВОЛОТ ДОШОЛ ПО СВОЕТО Кој дозволил ваква пиротехника во дискотеката во Кочани?

Панчо од ДНК ѝ вели на публиката „Одете надвор“, додека во позадина се слушаат растреперени гласови и гужва. Над рефлекторите од дискотеката може да се види дека е проширена линијата на огнот. Повторно се слуша „одете надвор“ и може да се види чад кој доаѓа од сцената, најверојатно од ПП апарат за гасење пожар.

2,655

Нова снимка од трагедијата во Кочани го покажува моментот на изненадување на публиката и на изведувачите на концертот кога ја здогледуваат запалената кровна конструкција над нивните глави. Неофицијално, се смета дека несоодветна употреба на пиротехника го предизвика пожарот во Кочани кој одзеде десетици животи.

Се работи за концерт на македонската група ДНК во добро позната дискотека. Панчо од ДНК ѝ вели на публиката „Одете надвор“, додека во позадина се слушаат растреперени гласови и гужва. Над рефлекторите на плафонот може да се види дека е проширена линијата на огнот.






Повторно се слуша „одете надвор“ и може да се види чад кој доаѓа од сцената, најверојатно од ПП апарат за гасење пожар.

Некои од граѓаните на социјалните мрежи веќе прогласуваат жалост за невидената трагедија која го зави во црно Кочани.

Во моментот на терен се пожарникарски, полициски и екипи на ЦУК, а на пат кон местото се премиерот и министерот за внатрешни работи.

Дел од повредените се пренесени во болница.

Според објава на „Скопје1“ на Фејсбук „огнот брзо се ширел. Дел од гостите биле жртви на огнот, а дел се угушиле од чадот. Противпожарните бригади и Брзата помош реагираше брзо. Внатре, според неофицијални бројки, имало стотици гости“.

На другата од објавените снимки може да види како дел од плафонската конструкција на дискотеката гори додека ДНК настапуваат. Пред крајот на снимката Панчо го здогледува пламенот и вели „Чекај, чекај“.

Плусинфо дојде до снимка која ги покажува првичните моменти на ширење на огнот. Може да се види дека над еден од рефлекторите почнува да се јавува пламен.

 

Поврзани содржини