ЕМИРАТИТЕ ЌЕ ИНВЕСТИРААТ 40 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА Дал од парите ќе завршат во изградба на дата центри

Парите ќе бидат распределени во неколку области од значење за идниот економски развој. Меѓу нив се индустријата, новите технологии, иновациите и енергетиката, додека дел од инвестицијата е наменета и за изградба на нови центри за податоци.

0

Обединетите Арапски Емирати планираат да инвестираат дури 40 милијарди евра во Германија во наредниот период, а дел од огромниот инвестициски пакет ќе биде насочен кон изградба на нови центри за податоци.

Ова е најавено за време на државната посета на претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед кој се сретна со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и федералниот канцелар Фридрих Мерц.






Притоа парите ќе бидат распределени во неколку области од значење за идниот економски развој.

Меѓу нив се индустријата, новите технологии, иновациите и енергетиката, додека дел од инвестицијата е наменета и за изградба на нови центри за податоци.

Според заедничката изјава на двете земји, планираните инвестиции треба да имаат поширок ефект врз германската економија. Се очекува поддршка за развој на индустриски капацитети, иновации и создавање нови работни места за квалификувани работници.

Во инвестицискиот план, енергетската безбедност има посебно место, како и зајакнувањето на синџирите на снабдување.

Во исто време, се отвора можност германските индустриски и технолошки компании да ги зголемат своите инвестиции во ОАЕ преку заеднички проекти со партнери од Емиратите.

Обединетите Арапски Емирати во моментов се најважниот трговски партнер на Германија во регионот на Персискиот Залив. Минатата година, вкупната размена на стоки меѓу двете земји надмина 13 милијарди евра.

Во тој период, Германија извезе стока во вредност од околу 11 милијарди евра во ОАЕ, додека вредноста на увозот од Емиратите изнесуваше приближно две милијарди евра.

Најновото соопштение за инвестиција од дополнителни 40 милијарди евра би можело да претставува нова фаза на економско поврзување меѓу двете земји, особено во секторите што се сметаат за клучни за идниот раст.

Во оваа смисла, центрите за податоци би можеле да бидат еден од поважните сегменти од инвестицискиот пакет, во време кога дигиталната инфраструктура и капацитетите за обработка на податоци стануваат сè поважни за економијата.

Во исто време, Берлин ги поддржува преговорите меѓу Европската Унија и ОАЕ за договор за слободна трговија. Германската влада проценува дека таков договор би можел дополнително да ја олесни трговијата и да ги продлабочи економските врски меѓу европскиот блок и Емиратите.

Поврзани содржини