ЌЕ ВИДИТЕ КАКО СЕ ОБЕДИНУВА ЕВРОПА Туск вели дека ќе паднат важни одлуки на самитот во Брисел
Можеби се сеќавате колку пати бевме сами кога ги предупредувавме другите европски партнери за руската закана, а сега ќе видиме како Европа се обединува околу истиот проблем со кој Полска често се соочуваше сама, изјави полскиот премиер Доналд Туск, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.
Денешниот Самитот на ЕУ ќе биде посветен на финализирање на првата фаза од можеби најважниот европски проект во последните децении, „изградбата на безбедна, вооружена и обединета Европа против руската закана“, порача денеска полскиот премиер Доналд Туск пред заминувањето на заседанието на Европскиот совет во Брисел.
– Можеби се сеќавате колку пати бевме сами кога ги предупредувавме другите европски партнери за руската закана, а сега ќе видиме како Европа се обединува околу истиот проблем со кој Полска често се соочуваше сама – изјави Туск, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.
Туск го повика полскиот претседател Анджеј Дуда да ги ратификува измените на Законот за миграција и азил, со што на Владата би и се овозможило привремено суспендирање на барањата за азил на илегалните мигранти.
Според Туск, ова и е неопходно на Полска за да се спротивстави на „растечкиот притисок“ на нејзината граница со Белорусија, во услови кога Минск и Москва ја поттикнуваат илегалната миграција на надворешните граници на ЕУ.
– Де факто водат војна, која тие ја нарекуваат хибридна, но тоа е нешто посериозно од хибридна војна, додаде Туск пред заминувањето на Самитот на ЕУ во Брисел.