ЌЕ СЕ НАМАЛИ ДАНОКОТ НА ДОБИВКА Стапката се спушта на 5% за компании кои прават над 50 милиони евра профит

Според премиерот, сите мултинационални компании коишто планираат својата добивка да ја консолидираат во земјава и таа добивка изнесува над 50 милиони евра, ќе добијат субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5%.

248

Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на данокот на добивка за фирмите што заработуваат над 50 милиони евра, за што веќе се анализираат приходите во буџетот.

– Прв чекор кон намалување на даноците ќе биде оној данок на добивка којшто се плаќа сега. Сите мултинационални компании коишто планираат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас и таа добивка изнесува над 50 милиони евра, ќе добијат, би рекол, субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5%. Ако сега е фиксно до 10%, во овој случај ќе биде до 5% – изјави Мицкоски по средбата со бизнисмени од Комората на северозападна Македонија.






Тој ги повика сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да инвестираат во државата.

– Затоа ги повикувам сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат во Македонија и веднаш откако ова ќе биде изгласано да може да го консолидираат бизнисот и тука тоа ќе значи и повеќе ликвидност за македонската економија и повеќе пари по основ данокот на добивка во Буџетот – рече тој.

Во изминатата година, само 5 компании имале добивка поголема од 50 милиони евра – Џонсон Мети, трите најголеми банки – Комерцијална, Стопанска и НЛБ Тутунска банка и Јавното претпријатие за државни патишта.

Поврзани содржини