ИНФЛАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА Е ПОД ЕВРОПСКОТО НИВО Економијата во последните 3 месеци пораснала за 4,3%, градежништвото за 21,9%

Македонската економија во второто тримесечје од годинава забележала реален раст од 4,3 проценти, а градежништвото пораснало за 21,9 проценти, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во обраќањето на митингот.

0

Инфлацијата во Македонија во јули изнесувала 2,3%, а во август 2,6%, вели премиерот Христијан Мицкоски, што е 50% пониско од европското ниво и охрабрувачки, додека економијата во второто тримесечје забележала раст од 4,3%, а градежништвото од 21,9%.

– Имаме два месеци коишто не охрабруваат – тоа се јули и август. Во јули беше 2,3%, во август 2,6%, во услови кога во Европа во јули беше 2,9%, а во август 3,2% – рече Мицкоски на митингот во Брвеница на 28 септември.






Тој потсети дека пред 4 години, во услови на енергетска криза, повисоката инфлација во Македонија во однос на Европската Унија се објаснувала со увезена инфлација.

Според него, последните податоци покажуваат дека инфлацијата може да биде и под европското ниво.

– Еве, ние покажавме дека тоа не е точно и дека тоа биле лажни кампањи, дека можело да се биде на ниво под тоа коешто го има европското, и тоа за 50% пониска инфлација – изјави премиерот.

Во однос на септември, Мицкоски посочи дека треба да се почекаат официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

– Сè уште трае месецот. Да почекаме статистиката да објави, па ќе можеме да коментираме – рече тој.

Мицкоски додаде дека преку Државниот пазарен инспекторат се следат и се прават проценки за движењето на цените, особено кај прехранбените производи и безалкохолните пијалаци.

Според првичните проценки што ги сподели, на годишно ниво инфлацијата кај овие производи се очекува да се движи меѓу 1,5 и 2 проценти, но конечните податоци ќе ги објави Државниот завод за статистика.

Македонската економија во второто тримесечје од годинава забележала реален раст од 4,3 проценти, а градежништвото пораснало за 21,9 проценти, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во обраќањето на митингот.

Тој порача дека економскиот раст треба сè повеќе да се чувствува во секојдневниот живот на граѓаните.

– Растот мора да продолжи и резултатите повеќе да се чувствуваат – во повисоки плати во периодот што следи, во повеќе добро платени работни места, училишта, патишта, водоводи, канализации, здравствени установи и јавни услуги што функционираат – рече Мицкоски.

Мицкоски во говорот посочи дека бруто-инвестициите продолжиле да растат и дека главните економски цели на Владата остануваат подобро платени работни места, инвестиции, инфраструктура, посилни домашни компании и поголем расположлив доход за семествата.

Тој рече и дека од доаѓањето на актуелната Влада околу половина милијарда евра биле насочени кон проекти во општините, а дел од средствата биле искористени и во Брвеница.

Мицкоски најави дека се прави план следната година да има нов повик за финансирање проекти во локалните самоуправи.

Поврзани содржини