УШТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ЗА ИСПЛАТА НА К-15 Минимумот за овој месец е 19.415 денари за приватниот сектор

К-15 е задолжителен годишен надоместок кој работодавачот го исплаќа на работникот како регрес за годишен одмор, а последен ден на исплата е 31 декември во тековната година.

1

Работниците кои во текот на годината не добија регрес за годишен одмор (К-15) доколку го примат овој месец треба да добијат минимум 19.415 денари во приватниот сектор, а за јавниот сектор договорениот износ е 13.680 денари.

К-15 е задолжителен годишен надоместок кој работодавачот го исплаќа на работникот како регрес за годишен одмор, а последен ден на исплата е 31 декември во годината.






Право на К-15 имаат вработените кои имаат најмалку 6 месеци непрекината работа кај истиот работодавач во текот на календарската година.

Во земјава износот на К-15 не е фиксна сума, туку се менува во зависност од тоа кога работодавачот ќе донесе одлука за исплата. Основицата секогаш е: просечната месечна нето-плата по работник во РСМ исплатена во последните три месеци пред денот на исплатата. Законот пропишува дека регресот може да изнесува најмалку 40%, а најмногу 100% од просечната исплатена нето-плата во земјата, но има и исклучоци.

За јавниот сектор правилото е 30% од просечната нето-плата во претходната (2025) година.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

Работодавачите можат да исплатат и повисок износ, доколку тоа е утврдено со колективен договор или внатрешна одлука на компанијата. Пропишано е  дека не се оданочува износ до 100% од просечната плата.

Постојат и исклучоци, па фирмите кои работат со загуба или имаат финансиски потешкотии можат, согласно законските и колективните одредби, да исплатат понизок износ или во одредени случаи да бидат ослободени од обврската, но само со соодветна документација и одлуки усогласени со синдикатите.

Работодавците од приватниот сектор кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, односно К-15, треба да се подготвени да платат казна и до 4.000 евра.

Притоа, предвидена е глоба од 2.000 до 3.000 евра, која би ја платило правното лице, додека парична глоба во висина од 500 до 1.000 евра ќе плати одговорното лице кај работодавачот.

Поврзани содржини