ЌЕ ИЗГРАДИМЕ ОПШТЕСТВО ВО КОЕ ПРАВДАTA Е ОСНОВА ЗА НАПРЕДОК Министерот Филков ја честиташе Новата година
Годината, што ја оставаме зад нас, беше исполнета со предизвици, но и со значајни чекори во градењето праведен и функционален правен систем. Верувам дека со заеднички напори можеме да изградиме општество каде што правдата е основа за доверба и напредок, напиша министерот за правда, Игор Филков.
Министерот за правда, Игор Филков, упати честитка по повод новогодишните празници. Во честитката тој посакува годината што претстои да донесе просперитет и нови можности за сите нас и напомена оти верува дека со заеднички напори можеме да изградиме општество каде што правдата е основа за доверба и за напредок.
„Годината, што ја оставаме зад нас, беше исполнета со предизвици, но и со значајни чекори во градењето праведен и функционален правен систем. Верувам дека со заеднички напори можеме да изградиме општество каде што правдата е основа за доверба и напредок“, напиша Филков.
Како што додава, тој посакува здравје, радост и исполнетост во секој дом.
„Нека годината, што претстои, ни донесе просперитет, благосостојба, мир, нови можности и успеси за сите нас. Среќна Нова 2025 година!“, пишува Филков во честитката.