ЌЕ ЈА ПРЕКРСТИ ЛИ ТРАМП ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА? Во анкета понуди три „одредници“

Претседателот на САД смета дека сегашното име не ја опишува доволно добро технологијата и побара од следбениците да изберат подобро. Засега нема одлука за преименување – станува збор за анкета објавена на Трут соушл.

0

Ќе престане ли вештачката интелигенција да биде „вештачка“, барем во речникот на Доналд Трамп?

Претседателот на САД отвори анкета во која предложи три нови имиња – „Superior Intelligence“, „Extreme Intelligence“ и „Supreme Intelligence“, односно супериорна, екстремна или врховна интелигенција.






Не станува збор за официјална промена на терминот, туку за јавно гласање со кое Трамп на Икс повторно ја отвори својата омилена тема – моќта на имињата.

 

„Многу луѓе сметаат дека зборовите ‘Artificial Intelligence’ се неточни и многу неелегантни“, напиша Трамп на 19 септември, повикувајќи ги следбениците да го изберат најдоброто име за технологијата.

Идејата доаѓа по неколку негови реални преименувања.

На почетокот на вториот мандат Трамп нареди американските федерални институции да го користат името „Залив на Америка“ наместо „Залив на Мексико“, а Денали повторно да се именува како Монт Мекинли.

Во август годинава со нова извршна наредба го преименува и езерото Онтарио во „Езеро Америка“ за официјална федерална употреба во САД. Канада не ја прифати промената.

Поврзани содржини