ДВЕ ПЕНЗИОНЕРКИ ИЗМАМЕНИ ЗА 1 МИЛИОН ДЕНАРИ Лажни полицајци и дипломати им ги зедоа парите со шокантна лага

Ова не е првпат измамници да таргетираат повозрасни граѓани со слични приказни. Полицијата повторно предупредува – не верувајте на телефонски повици од непознати лица кои бараат пари, особено ако користат емотивни приказни поврзани со наводни несреќи.

909

Две жени од Скопје, на возраст од 81 и 82 години, биле измамени за вкупно еден милион денари од страна на непознати лица кои лажно се претставиле како полициски службеници и амбасадори. Тие, користејќи идентична измамничка шема, успеале да ги натераат оштетените да им предадат големи суми пари, убедувајќи ги дека нивните ќерки наводно предизвикале сообраќајни несреќи во кои загинале деца мигранти.

Првиот случај: Лажен полицаец ја намами 81-годишната жена






Како што пријавила во полиција, 81-годишната скопјанка во вторникот околу 20:25 часот добила телефонски повик од непознато лице кое се претставило како полицаец. Тој ѝ кажал дека нејзината ќерка учествувала во сообраќајна несреќа во која усмртиле дете мигрант и дека доколку сака да ја спаси од затвор, треба веднаш да уплати 300.000 денари на семејството на загинатото дете.

Во паника, жената заминала во банка, ги подигнала парите и ги оставила на договореното место. Дури по некое време, кога ја контактирала ќерка ѝ, сфатила дека била измамена. Веднаш го пријавила случајот во полиција.

Вториот случај: Лажен дипломат ѝ зел 700.000 денари на 82-годишна пензионерка

Само неколку часа подоцна, во 23:00 часот, во СВР Скопје стигнало уште едно слично пријавување. Овој пат, 82-годишна жена од Скопје била измамена за 700.000 денари. Измамникот ѝ се јавил и ѝ се претставил како службеник од странска амбасада.

Со истата приказна – дека нејзината ќерка во САД прегазила дете мигрант и дека за да ја спаси од затвор мора да плати – успеал да ја натера да подигне огромна сума пари од банка и да ја остави на договорена локација. По разговорот со својата ќерка, сфатила дека била измамена и случајот веднаш го пријавила во полиција.

Полицијата предупредува: Не паѓајте на вакви измами!

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека работат на расчистување на двата случаи и трагаат по сторителите.

„Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не подлегнуваат на вакви измами. Доколку добијат сомнителен повик со барање за пари, веднаш да ја контактираат полицијата или своите блиски за да проверат дали се работи за измама“, соопштија од МВР.

Ова не е првпат измамници да таргетираат повозрасни граѓани со слични приказни. Полицијата повторно предупредува – не верувајте на телефонски повици од непознати лица кои бараат пари, особено ако користат емотивни приказни поврзани со наводни несреќи.

Поврзани содржини